МВР

Лишено од слобода едно лице, превезувал огревни дрва без документација и без возачка дозвола

06.11.2026 09:42

Известен е надлежен јавен обвинител и по чии насоки против лицето да биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик...

Вчера околу 19:00 часот, во село Кучевиште, скопско полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „Сузуки“, управувано од М.К.(37) од Скопје во кое се превезувале огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт. М.К. е приведен по член 104 став 11 од Закон за Шуми и спроведен во Полициска станица за понатамошна постапка. Известена е Шумската полиција за преземање понатамошни мерки и активности.

Дополнително, при извршените проверки било утврдено дека лицето не поседува возачка дозвола.

Известен е надлежен јавен обвинител и по чии насоки против лицето да биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик, соопштија од МВР.