МВР

Расветлени четири тешки кражби во Кочани

06.11.2026 12:39

Четири тешки кражби во домови на подрачјето на Кочани се расветлени, а осомниченото лице е лишено од слобода. При претрес во неговиот дом, полицијата пронашла и одзела предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражбите.

Полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.С. (43) од Кочани, поради сомнение дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби во домови на подрачјето на градот.

По наредба од суд, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со пријавените кривични дела.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случаите против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.