Санкционирани 43 возачи на товарни возила во Скопје, седум за неисправни светлосни уреди
43 возачи на товарни моторни возила се санкционирани при засилена акциска контрола на сообраќајната полиција во Скопје. Најчести прекршоци биле неистакнување знаци за ограничување на брзината, неисправни светлосни уреди и неносење соодветна опрема.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера спровело засилена акциска контрола на товарните моторни возила, со акцент на претовар, неправилно сместување на товарот и техничка неисправност на возилата.
При контролата, која се спроведувала од 9 до 16 часот, санкционирани се 43 возачи.
Седум санкции се изречени за неисправни светлосни уреди, девет за неистакнати знаци за ограничување на брзината, шест за неносење соодветна опрема, а две за претовар на товар.
Една мерка е изречена за технички неисправно возило, односно неисправен уред за запирање, една за управување товарно возило со несоодветна категорија и една за незастанување на знак „стоп“ даден од униформиран полициски службеник. Евидентирани се и 16 други прекршоци.
Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите за поголема безбедност на патиштата.
