Прилеп

Колкави сметки за вода од Нова година ќе плаќаат прилепчани?

06.11.2026 19:17

Водоводното претпријатие, по препорака на Регулаторната комисија, предлага повисоки цени на водата за 24 проценти, а на целокупните месечни сметки – за над 29 проценти. Велат дека само така ќе може да функционира претпријатието, кое се соочува со долгови.

За над 24 проценти се зголемува цената на водата во Прилеп, а месечните сметки на граѓаните ќе бидат повисоки за над 29 проценти. Ова е предлогот на прилепски „Водовод“, а последниот збор треба да го имаат градските власти. Предложеното зголемување е пониско од просечната цена што ја бара Регулаторната комисија за новиот тригодишен период. Од претпријатието велат дека зголемувањето е услов за негово непречено функционирање.

Граѓаните со свој став.

„Водовод“ има долгови од 40 милиони денари. Водоснабдувањето во Прилеп е непречено, уверуваат надлежните, иако е намалена издашноста на Студенчица. Активни се и градските бунари. Новите цени треба да стапат во сила од 1 јануари.

Елизабета Митреска