Образование

Студентскиот оброк на суд – се бара усогласување со инфлацијата

06.11.2026 17:52

Студентскиот оброк заврши на суд. Студентите го тужат Министерството за образование, износот од 140 денари не е усогласен со инфлацијата. Според нивните пресметки, сумата треба да биде повисока за 17 насто. Ќе се смени системот на субвенционирање, министерката Јаневска уверува дека ќе се најде соодветно решение.

Поднесена тужба против Министерството за образование од Граѓанската организација „Форум за образовни промени“. Бараат од Управниот суд да донесе дека министерството незаконски постапило во изминатите три години. Бараат со подзаконски акт да се усогласи оброкот со годишната инфлациска стапка и ретроактивно им се намири штетата за изминатите 36 месеци.

Министерката Јаневска уверува дека решение ќе има, ќе се смени системот за правилно користење на субвенцијата.

Форумот за образовни промени не се согласува со понудениот модел на Владата студентите да добиваат по 4.500 денари месечно за субвенциониран оброк преку платформата М-услуги. Велат постапката за која е потребен тендер ќе се одолговлече и ќе заврши студентската година.

Ана Јосифоска