Одбележани 65 години постоење на Градежниот факултет во Скопје
Градежништвото, според деканот Милорад Јовановски, во моментот е многу ценета професија во нашето општество ...

Скопскиот Градежен факултет одбележува 65 години од постоењето. На свеченоста се доделени признанија за најуспешно изработени дипломски работи и стипендии за најдобрите студенти.
Градежништвото, според деканот Милорад Јовановски, во моментот е многу ценета професија во нашето општество и околу 30 отсто од општествениот производ е резултат на активностите во градежништвото.
Градежниот факултет во моментот има над 1.500 студенти во прв циклус на студирање, над 250 постдипломци и повеќе од 35 докторанти. Тоа ќе даде огромен придонес за развојот на Република Македонија и за нејзината афирмација во светот. Благодарение на заложбите на факултетот и тековите во општеството, градежништвото и сродните дејности денес се високо ценети и имаат добра иднина, нагласи деканот Јовановски.
