Трамп размислува за продолжување на војната против Иран
Растат тензиите на Блискиот Исток. По изборите, Трамп размислува за продолжување на војната против Иран, иако токму таа беше посочена како главен виновник за поразот на републиканците. Шефот на белата куќа кажа дека разгледува дали да продолжи со нападите за да се осигури дека нуклеарната програма на Техеран ќе биде трајно запрена.

Шефот на Белата Куќа наскоро ќе донесе одлука дали САД ќе продолжат со воените напади врз Иран. По состанокот со советниците за национална безбедност, Трамп оцени дека Вашингтон ги постигнал своите основни цели, но не ја исклучи можноста за нови акции во Иран со цел да се спречи обновувањето на нуклеарната програма.
„Во Иран сме присутни веќе седум месеци и контролираме се што сакавме да контролираме. И сега ќе донесеме одлука. Дали сакаме да одиме понатаму и да го потврдиме тоа – во смисла да се осигураме дека никогаш повеќе нема да се повтори? Мислам дека ќе им требаат 25 години за повторно да ја изградат земјата. Би претпочитал да не го уништувам остатокот од земјата, ако е можно, но можеби ќе морам. Ќе дознаете наскоро“, изјави Трамп.
Трамп се соочува со силен притисок од сопствената партија за смена на кадрите во Белата куќа и прекин на војната на Блискиот Исток, откако демократите го презедоа Конгресот на изборите на средината на мандатот. Секретарот за одбрана, Пит Хегсет рече дека нема да поднесе оставка и ќе се бори против обидите за импичмент во Конгресот.
„Мир преку сила повторно е американската воена политика. Нашиот врховен командант го бара тоа, па ние тоа и го спроведуваме. Овде не станува збор за мене, но секако, другата страна – ако сте забележале – е опседната“, нагласи Пит Хегсет, секретар за одбрана на САД
Војната против Иран почна во февруари годинава од страна на САД и Израел, со цел да му се оневозможи на Техеран развојот на нуклеарно оружје. Блокадите во Ормускиот теснец и натаму проблем за снабдувањето со нафта во светот.
Маријана Димовска
