Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
07.11.2026 10:02
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 15 степени.
