ОЈО

Обвинение за раководителка на штедилница Кавадарци

07.11.2026 12:46

Основно јавно обвинителство во Кавадарци поведе постапка против раководителка на штедилница осомничена за проневера и злоупотреба на парични средства од граѓани.

Основно јавно обвинителство во Кавадарци поведе постапка против раководителка на штедилница осомничена за проневера и злоупотреба на парични средства од граѓани.

Постои основано сомнение дека осомничената раководителка на филијала на штедилница подолг временски период преземала дејствија на измами и злоупотреба на парични средства на штедачите, реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не ги евидентирала прописно нивните депозити, прибавувајќи така противправна имотна корист.

По наредба на обвинител биле извршени претреси и одземена документација, а штедилницата го прекинала нејзиниот работен однос. Поради ризик за бегство, обвинителството побарало мерки на претпазливост, одземање на патната исправа и обврска осомничената да се јавува во судот.