Андоновски: Европската комисија го потврди напредокот во дигиталната трансформација на државата
Европската комисија констатира „добар напредок“ во дигиталната трансформација и медиумите во Извештајот за напредокот за 2026 година. Андоновски наведува дека меѓу областите во кои се забележани подобрувања се зголемувањето на бројот на електронски услуги и двојно поголемото нивно користење од страна на граѓаните, подобрената електронска размена на податоци меѓу институциите и зајакнувањето на кибербезбедноста...

Владата веќе има подготвено рамка и нацрт-спогодба со ЕУ за користењето роаминг на македонските граѓани кога патуваат во Европската Унија потврди министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според него Европската комисија ги имаме почнато разговорите за надминување на бариерата за роаминг, односно македонските граѓани кога патуваат во ЕУ по исти цени да користат интернет, мобилна телефонија и СМС-пораки.
„Пред една недела на Влада донесовме и рамка и нацрт-спогодба со ЕУ, што значи дека веќе го имаме текстот за нацрт-спогодбата, го вративме со коментари во Европската комисија. Тоа е начинот на кој се преговара, и очекувам во краток период да добиеме повратно да видиме каде можеме да се најдеме за некои од забелешките кои ние ги имавме и да одиме потоа на потпишување и ратификација на спогодбата“, изјави Андоновски.
Во новиот извештај на ЕК, Македонија бележи „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми. Меѓу клучни области Андоновски ги издвои електронските услуги и интероперабилноста. Според Извештајот, до крајот на август на Националниот портал биле достапни 338 услуги. Податоци разменувале 44 институции, а во најава се дека бројот ќе се зголеми со уште дваесет.
„Знаеме што значи одењето по документи. Излегување од работа, патување до друга општина, чекање и дополнителни трошоци. Понекогаш цел ден потрошен за една административна постапка. Секоја услуга што успешно ја префрламе во електронска форма треба да реши дел од тој проблем“, истакна Андоновски.
Извештајот ја препознава и националната антена за вештачка интелигенција, а во Поглавјето 25 ја издвојува „Везилка“ како проект што ја поврзува Македонија со европскиот екосистем преку партнерството со „Фарос“.
Марина Стојанова – Тонева
