Стипендии за студенти со попреченост и студенти со ретки болести
Повеќе можности и поддршка за студентите. Нов модел на студентско стипендирање. За прв пат предвидени стипендии за студенти со попреченост и студенти со ретки болести. На Филолошкиот факултет преку конференцијата „Како си ми?“ се поттикнуваат. пак, студентите да творат и да создаваат свои дела.

Повеќе можности и поддршка за студентите. Нов модел на студентско стипендирање. За прв пат предвидени стипендии за студенти со попреченост и студенти со ретки болести. Пристап кој истовремено ја препознава социјалната ранливост, го вреднува академскиот успех и го поттикнува образованието на кадри во области од стратешко значење за државата, велат од Министерство за образование. Пријавувањето трае од 6 до 20 ноември и се врши исклучиво електронски.
„Важна одлика на новиот модел е тоа што, и покрај воведувањето нови категории и поинаква распределба на средствата, вкупниот број стипендии останува непроменет – 3.000. Промената не е во намалување на поддршката, туку во нејзино подобро насочување и пошироко препознавање на потребите и потенцијалите на студентите“, велат од Министерството за образование.
Во меѓувреме на Филолошкиот факултет преку конференцијата „Како си ми?“ се поттикнуваат студентите да творат и да создаваат свои дела. На овој начин студентите, не се само пасивни примачи на научни сознанија, туку се и активни учесници во академскиот живот, вели студентот Дарио Постоловски кој во ова гледа можност за јавно презентирање на неговиот труд за тема што со години сака, но досега немал можност да ја обработи.
Десетиот зборник од минатата година содржи 11 трудови. Три се од областа на изучување јазик и лингвистика, два интердисциплинарни, комбинираат повеќе тематики и 6 се од областа на книжевност.
Филолошката конференција „Како си ми“ се организира од 2015 година.
Целта на оваа конференција е да се поттикнат студентите за време на студирањето да се занимаваат со научноистражувачки работи.
Ана Јосифоска
