Протест на професионалните војници пред Владата, бараат повисоки плати и трајно решавање на статусот
Поради две годишно игнорирање на Синдикатот на професионални војници, за да ги слушнат надлежните како што велат морале да организираат протест пред Владата. Според Независниот синдикат на професионалните војници, главен децениски проблем со којшто се соочуваат е договорите на определено време коишто траат цели 25 години...

Поради две годишно игнорирање на Синдикатот на професионални војници, за да ги слушнат надлежните како што велат морале да организираат протест пред Владата. Според Независниот синдикат на професионалните војници, главен децениски проблем со којшто се соочуваат е договорите на определено време коишто траат цели 25 години и на 45 години војниците мора да ја напуштат Армијата и да бидат невработени. Сметаат дека професионалните војници се најдискриминирани работници во Македонија и кај нив не важи трансформација на работниот однос по 5 години, што го потврдила и комисијата за спречување на дискриминација.
До Собранието поднеле Предлог-закон со кој би се решил проблемот на професионалните војници. Малите плати и не зголемувањето на платите на припадниците на Армијата е дополнителна причина за големото незадоволство.
Доколку надлежните не ги прифатат нивните барања, најавија блокади во градовите и кампови пред Владата.
Два синдикати не го поддржале денешниот протест.
Наташа Јанчиќ Менковски
