ПРИЛЕП

85 години од создавањето на песната „А бре Македонче“

20.11.2026 20:41

На денешен ден, пред точно 85 години, во прилепското село Царевиќ, за првпат е отпеана песната што се претвори во вистински симбол на македонскиот отпор, копнеж и битисување – култната „А бре Македонче“. Создадена во бурни времиња, таа и денес, по повеќе од осум децении, буди длабоки емоции, паметејќи бројни верзии и изведби. Песна со силна порака што ја сведочи вековната борба и нераскинливиот македонски идентитет.

Не е народна, има свои автори. Точно пред 85 години на денешен ден во прилепското село Царевиќ, на првата ослободена територија од фашистичкиот окупатор, за првпат е изведена култната македонска песна А бре Македонче. Веднаш по 11 октомври, 41-та, за поттик на борбениот дух на македонските партизани е создадена песната чии автори се Крсте Црвенкоски, писателот Коле Чашуле и музикологот Ордан Михајлоски-Оцка.

Песната побудува емоции и по 85 години. Дел е од првиот македонски филм „Фросина“, има безброј аранжмани низ децениите, дел е од најавните шпици на Македонската радио-телевизија, се пее на секоја празнична пригода.

Текстот на „А бре Македонче“ има претрпено мали корекции, но суштината и целта остануваат исти и по 85 години – да го подигне духот на генерациите и да разбуди чувства за припадност. И пред вратите на европските асоцијации, песната порачува дека – македонско име нема да загине.

Елизабета Митреска