Струмица

Возила за брза помош и дефибрилатори на сите гранични премини во Југоистокот

08.11.2026 18:45

Со пари на ЕУ од програмата за прекугранична соработка со Грција – четирите здравствени домови во југоистокот ќе добијат амбулантни возила, а десетте општини и трите гранични премини Дојран, Гевгелија и Ново Село – дефибрилатори.

Службите за Итна медицинска помош во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово кои покриваат регион со околу 170 илјади жители ќе добијат целосно опремени амбулантни возила, автоматски и полуавтоматски дефибрилатори и ЕКГ апарати. Опремата и возилата ги набави Центарот за развој на Југоистокот преку програмата за прекугранична соработка со Грција, финансиран од ЕУ.

Возилото и новата опрема е од голема корист за испорака на квалитетна здравствена услуга и навремена интервенција, а кажа, првиот човек на Здравствен дом Струмица кој покрива и три други рурални општини.

Проектот „Прекугранична област за безбедно срце“ има за цел да ги едуцира и граѓаните како да даваат прва помош со дефибрилатори, кои ќе бидат поставени на граничните премини и во општините.

Проектот што го имплементира Центарот за развој на универизитетската болниа „Хепа“ од Солун, чини околу 1,2 милиони евра од кои 980 илјади се од Европската унија.

Ване Трајков