Променливо облачно од попладневните часови појава на локален дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови од Македонија ќе има услови за локален дожд, додека на повисоките планини е можен слаб снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од-2 до 6 степени, а максималните ќе достигнат од 9 до 15 степени.
Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време, додека во вечерните часови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од минимални-1 до максимални 15 степени.