Свет

Во Полска национална жалост по нападот во Краков

08.11.2026 10:42

Премиерот Доналд Туск го квалификуваше нападот како терористички чин. Напаѓачот, полски државјанин, пукал од автомобил во центарот на градот, по што бил ранет и уапсен од полицијата.

Полска во дводневна национална жалост по вооружениот напад во Краков, во кој загинаа шест лица, а најмалку 15 се повредени.

Премиерот Доналд Туск го квалификуваше нападот како терористички чин. Напаѓачот, полски државјанин, пукал од автомобил во центарот на градот, по што бил ранет и уапсен од полицијата. При претрес на неговиот дом биле пронајдени уште три тела, за кои се сомнева дека се членови на неговото најблиско семејство.

Властите истражуваат и можна поврзаност со крајнодесничарски екстремизам. Државните знамиња се на половина копје, а во Краков жалоста ќе трае до 11-ти ноември.