Албанија

Албанските студентите не дозволуваат партиско преземање на протестите

08.11.2026 11:39

Тензии и судири со полицијата на протестите во Тирана. Студентите формираа жив ѕид пред Министерството за образование за да спречат приврзаници на опозициската демократска партија да се приклучат на нивниот собир.

Тензии и судири со полицијата на протестите во Тирана. Студентите формираа жив ѕид пред Министерството за образование за да спречат приврзаници на опозициската демократска партија да се приклучат на нивниот собир. Со транспарент „Рама во затвор, Бериша во затвор“, порачаа дека не сакаат политичко влијание ниту од власта, ниту од опозицијата.

Во близина на Владата дел од демонстрантите фрлаа камења, пиротехника и молотови коктели, а полицијата интервенираше со водени топови. И покрај повиците на премиерот Еди Рама за дијалог, студентите најавија продолжување на протестите секоја среда и сабота, со главно барање за негова оставка.