Свет

Силен земјотрес во Јапонија, најмалку 20 повредени

08.11.2026 13:39

Силен земјотрес со магнитуда од 5,7 степени ја погоди централна Јапонија. Епицентарот бил на длабочина од 41 километар, а опасност од цунами нема. Во делови од погодените подрачја е прекинато водоснабдувањето.

Силен земјотрес со магнитуда од 5,7 степени ја погоди централна Јапонија. Најмалку 16 лица се повредени во префектурата Аичи, додека во соседната Шизуока се пријавени уште неколку повреди и инциденти. Епицентарот бил на длабочина од 41 километар, а опасност од цунами нема. Во делови од погодените подрачја е прекинато водоснабдувањето.

Јапонската метеоролошка агенција предупреди на можни нови силни потреси во следната недела, како и на зголемен ризик од свлечишта и одрони. Властите ја проценуваат штетата и продолжуваат да ја следат сеизмичката активност.