Здравство

Ракот на дојка сѐ почест кај жените под 40 години

08.11.2026 13:02

Ракот на дојка не ги одминува ниту помладите жени. Сè почесто се открива кај пациентки под 40 години. Лекарите апелираат – навремениот преглед може да спаси живот.

Ракот на дојка сè почесто се открива кај жени под 40 години. Лекарите апелираат на редовни контроли и самопреглед, бидејќи раното откривање е клучно за успешно лекување. Во кумановската болница дневно се прегледуваат до осум пациентки. Радиолозите потсетуваат дека ниту една промена на дојките не треба да се игнорира.

Ракот на дојка сè почесто се дијагностицира кај пациентки под 40 години, затоа лекарите апелираат на редовни контроли и навремено откривање на болеста. Кабинетот за дојка и мамографија во кумановската болница во рамки на „Мој термин“ дневно го посетуваат до осум жени. Но се примаат и пациентки на кои им е потребна итна дијагностика. Доктор Биљали препорачува контролите да започнат од 35 годишна возраст, особено ако има генетски предиспозиции.

„И тука во Куманово е зачестена оваа проблематика. Морбидитет од болеста на дојка. Не подразбира дека од сите случаи имаме тука и од бенигна форма на болести на дојка кои се најчести, но се среќаваме и кога имаме, нови случаи на карцином на дојка“, истакна Изаир Биљали, радиолог Општа болница Куманово.

Самопрегледот на дојките, останува важен дел од превенцијата и раното препознавање на промените. Истиот треба да се прави една седмица по завршување на циклусот.

„Првите симптоми е грутка, безболна, која самиот пациент ја открива при самоконтрола, тогаш веднаш треба пациентот да се обрати кај матичниот лекар и тој да го препрати до нашето одделение, и да се направат сите ехо и мамографија, тоа е прв. Потоа вовлекување на мамилата на пупката, менување на кожата на дојката, тие се понапредни симптоми, кои се покасни симптоми“, дополни Биљали.

Мамографијата се изведува со современа технологија со намалена доза на зрачење, поради што стравот од прегледот не треба да биде причина за негово избегнување.

Елена Георгиевска