Саудиска Арабија

Експлозии во Ријад, погодена деловна кула

08.11.2026 14:09

Силни експлозии го потресоа Ријад, откако саудиските власти издадоа итно предупредување до граѓаните да побараат засолниште.

Силни експлозии го потресоа Ријад, откако саудиските власти издадоа итно предупредување до граѓаните да побараат засолниште. Оштетена е деловна кула на нафтениот гигант „Арамко“ во финансискиот кварт на главниот град. Искршени се прозорци и делови од фасадата.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека пресретнала два балистички проектила и уништила две крстосувачки ракети, истрелани од јеменските Хути. Засега не е утврдено дали зградата е директно погодена или оштетувањата се предизвикани од остатоци од пресретнатите проектили. Нападите следуваат по обновената ескалација меѓу Саудиска Арабија и Хутите, со што е сериозно нарушено примирјето од 2022 година.