Душебаев повторно во тимот на колото во ЛШ
Десниот бек на Вардар Алекс Душебаев втор пат по ред е во идеалниот тим на колото во ракометната ЛШ. Најдобриот млад играч на планетата заедно со Дибиров и со Штербик беше ударното трио на црвено-црните кои на отворањето на новиот спортски комплекс „Јане Сандански“, ги збришаа Чеховски медведи.
Шпанскиот интернационалец кој во декември ќе наполни 22 години, одигра фуриозно прво полувреме со 5 од вкупно седумте гола против рускиот првак, еден помалку од најефикасниот Дибиров кој постигна еден од петте најдобри голови во оваа рунда.

Душебаев учествуваше со вкупно 19 гола на трите победи на Вардар во низа во престижната лига против Флензбург, Цеље и Чеховски медведи. Македонскиот капитен Кирил Лазаров од истата бековска позиција беше одличен овој викенд. Со девет гола ја предводеше Барселона во победата дома над Висла Плок.
Младиот ас на Вардар во тимот на колото е заедно со бековите Бергрен и Палмарсон од Олборг односно Кил, крилата на Монпеље и Ла Риоха, Гаиќ и Хуан Гарсија, пивотот на Висла,Тиаго Роха и голманот на Веспрем, Миклер.