Марш против фемицидот
Седум изгубени животи за помалку од една година. Граѓаните бараат одговор од институциите, зошто не успеваат да ги заштитат оние коишто ќе побараат помош?

Седум изгубени животи за помалку од една година. Граѓаните бараат одговор од институциите, зошто не успеваат да ги заштитат оние коишто ќе побараат помош?
“Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ одекнуваше низ центарот на Скопје.
Целосна и транспарентна истрага за убиството на Билјана, одговорност за секој институционален пропуст, итно усвојување на законските измени за заштита од насилство врз жените, враќање на поимот род во законите и политиките и одговорност од функционерите кои го оправдуваат или нормализираат насилството – ова се барањата од неформалната иницијатива „ниту една повеќе“.
Марширајќи низ улиците на Скопје порачаа дека не бараат сочувство туку одговорност и потсетија на неколку други случаи на девојки кои ги изгубиле животите.
Овој протест доаѓа по граѓанскиот собир во Богданци. Граѓани бараа правда и одговорност од институциите. По трагедијата, спроведен е вонреден инспекциски надзор во центарот за социјални работи во Гевгелија, со цел да се утврди дали институциите навремено и соодветно постапиле, како бил следен случајот и дали биле преземени сите потребни мерки за заштита. Резултатите од надзорот се очекуваат во наредните денови.
Од почетокот на оваа година до септември во земјава се убиени 7 жени од нивните партнери или членови на семејството. 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство и 4.000 поплаки. Според податоците на МВР има 1.388 пријавени сторители од кои 1.278 се мажи.
Ана Јосифоска
