Шампионот Русија на големи искушенија!
Пеколна ќе биде конкуренцијата Г од третата фаза на женскиот одбојкарски мундијал, во којашто Италија како носител за противници ги доби Американките и Русинките. Во првата рунда Соединетите Американски Држави ја совлада „зборнаја“ со 3:1, но досега не се случило некој двапати на исто првенство да го победи седумкратниот и актуелен шампион. Мала предност за домашната репрезентација на Италија ќе биде слободниот ден меѓу двата дуела.

Откако Доминиканската Република којашто никогаш не била подобропласирана од 12-то место, влезе меѓу најдобрите шест, беше најпосакуваната репрезентација при извлекувањето на групите во Милано. Условно, најзадоволни се Бразил и Кина коишто според искуството и минатото сепак се фаворити во однос на Доминикана во новоформираната група Х од којашто две селекции ќе влезат во полуфиналето. Дека сепак не е за потценување, Доминиканската Република потврди со седумте победи и со само двата пораза и тоа во пет сета токму од Кина и од Јапонија во втората фаза.