Регион
Заморот најверојатна причина за автобуската несреќа на автопатот А3 во Хрватска
09.11.2026 10:41
Според истрагата, 55-годишниот возач изгубил контрола над автобусот кој удрил во заштитната ограда и се превртел, а како најверојатна причина, според сообраќајниот вештак е заморот...

Обвинителството ги објави првичните наоди за автобуската несреќа на автопатот А3 во Хрватска, во која загинаа две, а беа повредени 33 лица. Според истрагата, 55-годишниот возач изгубил контрола над автобусот кој удрил во заштитната ограда и се превртел, а како најверојатна причина, според сообраќајниот вештак е заморот.
Меѓу загинатите се 17-годишен државјанин на Црна Гора и хрватски државјанин.
