Полска
Почина напаѓачот од Краков, кој уби шест, а рани 15 лица
09.11.2026 12:35
Според истрагата, пред нападот ги убил и своите родители и сестра...

24-годишниот напаѓач од Краков, кој уби шест, а рани 15 лица, починал во болница од повредите здобиени во престрелката со полицијата. Според истрагата, пред нападот ги убил и своите родители и сестра.
Обвинителството случајот го истражува како терористички чин, а мотивите сè уште не се утврдени. Во Полска е втор ден национална жалост.
