Македонија

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата

09.11.2026 10:13

Вработените во ветеринарно-здравствениот сектор денеска ќе излезат на мирен протест поради лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните.

Собирот ќе започне во 13 часот пред Агенцијата за храна и ветеринарство, а во 14 часот е најавен протест пред Владата.

Иницијативата е на докторите по ветеринарна медицина од амбулантите и клиниките кои ги спроведуваат превентивните мерки на терен, со поддршка од Ветеринарната комора на Македонија. Укажуваат на недоволните буџетски средства за здравствена заштита на животните, особено во последните две години, како и на, според нив, несоодветниот институционален третман на професијата.

Комората посочува дека во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано ги известувала надлежните институции за проблемите и за потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Бараат итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе овозможат редовно и непречено спроведување на превентивните мерки.

Ветеринарната комора најави дека сите барања изнесени на протестот ќе ги достави до надлежните институции