СДСМ: Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола?
Од „Бихаќка“ потенцираат дека СДСМ веќе 11 месеци предупредува за сомнителниот капитал и бара институционална реакција, истрага и кривична одговорност од сите инволвирани во носењето на Алта банка во Македонија.

Дали во трезорот и документите на Алта банка Битола постојат 80 милиони евра кеш или соодветни кеш еквиваленти, прашуваат од СДСМ. Според партијата, имаше Трајко Славески доволно време тоа да го провери и бараме веднаш да се огласи и да соопшти.
Од „Бихаќка“ потенцираат дека СДСМ веќе 11 месеци предупредува за сомнителниот капитал и бара институционална реакција, истрага и кривична одговорност од сите инволвирани во носењето на Алта банка во Македонија.
Независноста завршува таму каде што почнуваат интересите на Мицкоски. Тој е гувернер, бизнисмен, судија, обвинител, тој одлучува за сè. Тој донел одлука за влез на пералницата на пари на вучиќ во Македонија, тој носел заклучоци за продажба на акции од јавни претпријатија на Мацура, сега тој ќе преговара за продажба на Алта банка Битола, стои во соопштението.
Од СДСМ додаваат дека како може премиер да преговара за продажба на банка кога Народната банка е независна институција. Бараат обвинителството да реагира веднаш, да отвори истрага и сите вмешани во носењето на Алта банка во Македонија да одговараат.
