Партии

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче продолжуваат со ширење манипулации за Алта банка

09.11.2026 10:36

Според партијата, во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санкции да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви, кои оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации за случајот со Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санкции да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви, кои оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

За Алта банка надлежните беа транспарентни и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па согласно законот, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност за Филипче и како што потенцираат, талогот во СДС, поради нивните постапки за случајот Алта банка.