Ново рочиште за обвинетата Ива Михаилова
Во кочанскиот суд ново рочиште за обвинетата Ива Михаилова. И се суди во отсуство, поради нејзиното бегство во Бугарија. За Михаилова е распишана меѓународна потерница и определен и е 30-дневејн притвор.

Според бугарските медиуми, адвокатот на Ива Михаилова побарал таа преку видеоконференциска врска од Бугарија да учествува на денешното рочиште, но дека не добила повратен одговор.
На рочиштето треба да бидат разгледани две вештачења изработени по нарачка на одбраната, за кои треба да се произнесе судот. Обвинета е за сообраќајната несреќа на патот Штип-Кочани, во која едно лице загина, а неколку беа повредени. Михаилова по бегството од Македонија беше примена во болницата „Пирогов“ во Софија.
Според бугарските медиуми, не се исклучува можноста да биде упатена во Израел. МВР продолжува со истрагата како Михаилова ја напушти државава. Премиерот Мицкоски пак изјави дека кога-тогаш таа и нејзиниот татко, кој е осуден на 12 години затвор, ќе се соочат со правдата.