Аркин Јахији официјално го добива градоначалничкиот мандат на Брвеница
Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција, победи во вториот круг од предвремените локални избори, одржан на 1 ноември, освојувајќи 4.442 гласа.

Општинската изборна комисија денеска ќе му го врачи мандатот на новоизбраниот градоначалник на Општина Брвеница, Аркин Јахији, со што и официјално ќе започне постапката за преземање на градоначалничката функција.
Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција, победи во вториот круг од предвремените локални избори, одржан на 1 ноември, освојувајќи 4.442 гласа.
Неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 4.177 гласа.
Државната изборна комисија на 6-ти ноември ја потврди конечноста на изборните резултати, откако во законскиот рок не беше поднесена тужба до Управниот суд.
