МВР
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
09.11.2026 13:39
Вчера во 13:10 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода П.Ј.(45) од Кичево...

Вчера во 13:10 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода П.Ј.(45) од Кичево.
Полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Кичево, со судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и фолии со траги од кафеава материја.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.
