Мишел Камило со Националниот џез оркестар на 18 ноември во Скопје
Добитникот на наградата „Греми“, три признанија „Латино Греми“ и наградата „Еми“ пред скопската публика ќе ја претстави својата препознатлива музичка виртуозност и спојот на џезот со карипските и латино-ритми.

Еден од најистакнатите светски џез-пијанисти и композитори, Мишел Камило, на 18 ноември ќе одржи концерт во Македонската филхармонија, заедно со Националниот џез оркестар.
Добитникот на наградата „Греми“, три признанија „Латино Греми“ и наградата „Еми“ пред скопската публика ќе ја претстави својата препознатлива музичка виртуозност и спојот на џезот со карипските и латино-ритми.
Камило повеќе од четири децении е присутен на светската музичка сцена, препознатлив по својата пијанистичка виртуозност, специфичниот музички израз и динамичниот спој на џезот со латино-ритмите.
На концертот, кој ќе почне во 20 часот, ќе му се придружат неговите долгогодишни музички соработници Рики Родригез на контрабас и Марк Вокер на тапани. Со Националниот џез оркестар ќе диригира Џијан Емин.
Билетите се достапни онлајн преку MKTickets и на продажните места на билетарницата. За студентите и пензионерите е обезбеден попуст од 50 отсто. Билетите со попуст ќе може да се набават на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Македонската филхармонија, со приложување соодветен документ.
Резервации може да се направат и на електронската адреса [email protected].
