Македонија
УХМР: Релативно топло со повремен локален дожд до сабота
09.11.2026 18:29
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Времето до сабота ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, в недела ќе има заладување и стабилизирање.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Ќе дува слаб до умерен, а в петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.
Минималните (утринските) температури оваа седмица ќе бидат над нула и ќе се движат од 4 до 14 степени, а максималните (дневните) – од 7 до 21 степен.
