Партиски реакции

СДСМ најавува кривични пријави за случајот со „Алта банка“ доколку Обвинителството не постапи

09.11.2026 17:41

СДСМ бара Јавното обвинителство да ги испита сите околности за влезот на „Алта банка“ во земјава и улогата на инволвираните, најавувајќи кривични пријави доколку нема постапување. Од Обвинителството велат дека предмети се отвораат врз основа на докази, а ВМРО-ДПМНЕ уверува дека банкарскиот систем е стабилен.

Часовникот отчукува, Јавното обвинителство нема што повеќе да чека и мора веднаш да постапи во случајот со „Алта банка“, повикаа од СДСМ. Опозициската партија бара обвинителството да ги испита сите околности за влезот на банката во Македонија, како и улогата и постапувањето на сите инволвирани. Доколку обвинителството не постапи, СДСМ најавува кривични пријави.

Од Јавното обвинителство, пак, со став: предметите не се оформуваат на барање на политичките партии, туку врз основа на докази.

„Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на докази, а не врз основа на барања од политички партии“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека банкарскиот систем е стабилен. Обвинија дека единствените испрани пари во Македонија влегле преку Венецуела во „Еуростандард банка“, во времето на Филипче и Заев.

Марија Котовска