Стартуваат мини подготовките на фудбалерите
Репрезентативците го одработуваат првиот тренинг, од 17 часот, по прозивката на селекторот Бошко Ѓуровски пред двата квалификациски меча во низа, за ЕП 2016-та.
Со Луксембург играме на 9-ти во Скопје, а на 12-ти октомври гостуваме во Украина. Нема звучни промени во играчкиот кадар. Македонија се бори за првите бодови по убедливиот пораз кај Шпанија. Со Луксембург немаме компетитивна средба, билансот од двете пријателски ни е една победа 4:1 и еден пораз 2:1.

Со цел да се пополни нашиот најголем стадион, Филип 2-ри и да се создаде навика кај младите, Фудбалската Федерација реши на претстојниот домашен натпревар сите ученици до 9-то одделение да добијат бесплатен билет, со ученичка книшка на билетарата на Арената или на инфо пунктот, во Скопје Сити Мол.
Двата меча ќе ги емитуваме во живо на МТВ.