Македонија

Инспекцискиот надзор не утврдил пропусти во случајот со убиената 17-годишна Билјана Кириќ

09.11.2026 18:45

Инспекцискиот надзор покажал дека немало институционални пропусти во случајот со убиената билјана кириќ од богданци. Центарот за социјална работа во гевгелија постапил во рамки на надлежностите. Во меѓувреме, јавноста и натаму бара одговоност за смртта на 17-годишната девојка.

Не се утврдени пропусти во постапувањето на Центарот за социјални работи во Гевгелија во случајот со 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која беше убиена од својот партнер, покажа извештајот од вонредниот инспекциски надзор.

Според информациите од Министерството за труд и социјална политика, центарот на 2-ри октомври добил известување од МВР за настанот од 30-ти септември, кога Билјана пријавила дека била физички нападната. Истиот ден бил контактиран нејзиниот татко, а разговор со него и со девојката бил одржан на 5-ти октомври. Ден подоцна, на разговор бил повикан и нејзиниот партнер, кому му биле укажани последиците од насилството. 

„По проценката на ризикот, центарот поднел барање до надлежниот суд за привремени мерки за заштита. Меѓу нив биле забрана за закани, малтретирање, вознемирување и контактирање со билјана, како и забрана за приближување на помалку од 100 метри. На 16 октомври судот ги изрекол бараните мерки во траење од шест месеци. Според институциите, по нивното изрекување немало пријава за нивно прекршување“, стои во соопштението на Министерство за труд и социјална политика.

По смртта на Билјана повторно се отвори дебатата за фемицидот и институционалната заштита. Граѓаните и организациите бараат одговорност и поефикасна реакција на пријавите за насилство.  Целосна и транспарентна истрага за убиството на билјана, одговорност за секој институционален пропуст, итно усвојување на законските измени за заштита од насилство врз жените, враќање на поимот род во законите и политиките и одговорност од функционерите кои го оправдуваат или нормализираат насилството – ова се барањата од неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ кои во неделата протестираа во Скопје.

Ана Јосифоска