Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди

10.11.2026 08:19

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.