Кибернапади

Франција го обвини Иран за кибернапади врз 700 фрижидери во супермаркети

10.11.2026 11:02

Франција го обвини Иран за кибернапади врз околу 700 фрижидери и замрзнувачи во супермаркети низ земјата. Париз тврди дека зад нападите стои Исламската револуционерна гарда и најавува иницијатива за европски санкции.

Франција го обвини Иран за неодамнешните кибернапади врз околу 700 фрижидери и замрзнувачи во супермаркети низ земјата и најави воведување европски санкции.

„Можам да потврдам дека одговорноста за нападот ја сноси Исламската револуционерна гарда на Иран. Станува збор за напад со досега невидени размери и агресивност, прв голем кибернапад со цел саботажа на француска територија, кој претставува сериозна закана за националните интереси и безбедноста на француските граѓани“, изјави Жан-Ноел Баро, министер за надворешни работи на Франција.

Вашингтон, пак, порача дека ваквите активности на Техеран не се изненадување.

„Тоа не е никаква новост. Токму затоа воведуваме санкции против нив и ги третираме како терористичка организација“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.