Македонската литература на светскиот Саем на книгата во Франкфурт под мотото „Куќа на зборови, куќа на светови“

06.10.2014 16:01

Манифестацијата која има 65-годишна традиција е исклучителна можност за промоција и за презентација на врвните дострели на македонските автори. Македонија на саемот ќе има специјално дизајниран штанд и ќе понуди публикација со избор и превод на кратки извадоци од творештвото на 18 македонски автори...

По Гетеборг, македонските книжевници ќе учествуваат на најголемиот светски Саем на книгата во Франкфурт. Манифестацијата која има 65-годишна традиција е исклучителна можност за промоција и за презентација на врвните дострели на македонските автори. Македонија на саемот ќе има специјално дизајниран штанд и ќе понуди публикација со избор и превод на кратки извадоци од творештвото на 18 македонски автори.

„На саемот накнига во Франкфурт, кој ќе се одржи од 8 до 12 октомври Здружението на издавачи и книжари ќе ја претстави Република Македонија со еден интересен концепт под мотото „Куќа на зборови, куќа на светови“, рече министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска

Претседателот на здружението на издавачите и книжарите на Македонија, Лазаревски е задоволен што по неколку години пауза, повторно ќе ја има улогата на комесар во Франкфурт.

„Авторите кои ќе бидат претставени во Франкфурт се академик Луан Старова, исткантиот поет Никола Маџиров и писателката Лидија Димковска, која е добитничка на Европската награда за литература“, рече Горјан Лазаревски, претседател на ЗИКМ.

Концептот на претставувањето првпат е осмислен од универзитетски професори по литература. Осумнаесеттемина автори се распоредени во три сегменти, секој со различна тема и поврзан со познати мотиви од културното наследство. По Франкфурт, претстои и учество на саемот во Истанбул, од 8 до 16 ноември, каде што комесар на земјава ќе биде Сојузот на албанските издавачи.

Александра Перевска