МВР

Кривична против вработена во филијала на штедилница во Кавадарци поради злоупотреба на парични средства на граѓани

10.11.2026 14:32

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Г.(51) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „проневера во службата“.

Имено, С.Г., вработена во филијала на штедилница во Кавадарци, подолг период вршела злоупотреби на парични средства на штедачи, реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не извршувала прописно евидентирање на нивните депозити, со што се стекнала со противправна имотна корист. 

Полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделот за криминалистичка полиција при МВР - Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство и службеници од Финансиска полиција во координација со Основното јавно обвинителство Кавадарци презедоа предистражни дејствија и извршија претреси на повеќе локации, при што биле пронајдени и одземени предмети и документација во врска со настаните.

С.Г. била обезбедена и изведена пред ОЈО Кавадарци, кој доставил предлог за определување мерки на претпазливост - одземање на патна исправа и обврска да се јавува во суд.