Светски ден на сметководството

Сметководителите бараат поедноставни правила и помал административен товар

10.11.2026 17:32

Поедноставени правила за финансиско известување и помалку административни обврски за микро, малите и средните претпријатија бараат сметководителите. Велат дека актуелните прописи се премногу сложени и не се приспособени на големината на компаниите.

Воведување поедноставени правила за финансиско известување и намалување на административниот товар, особено за микро, малите и средните претпријатија, бараат сметководителите. Важно е, велат, да има приспособување на големината на бизнисот, со цел микрокомпаниите да не бидат оптоварени со строги правила и извештаи, како и големите корпорации.

Фелата смета дека постојано им се наметнуваат нови обврски и казни, додека нивните права и предлози често се занемаруваат.

Сметководителите укажуваат дека тековните правила и стандарди, вклучително и новиот обемен правилник од 1.200 страници за начинот на водење сметководство, се премногу комплексни за малите фирми и наметнуваат преголем административен притисок.

Професијата бара сите да покажат поголема флексибилност, особено надлежните институции и бизнис-заедницата, кои мора да дадат свој придонес.

На Меѓународниот ден на сметководството се стави акцент на тоа дека професијата треба да се издигне на повисоко ниво, сите закони да се донесуваат во соработка со релевантните чинители во областа, оти професијата сè повеќе старее, а е од исклучителна важност за бизнисите и државата.

Борис Грујоски