Бесплатен безжичен интернет на јавни места со поддршка од ЕУ и Германија
Пристапот до информации, образование и јавни услуги повеќе не зависи од големината на нечиј пакет за мобилен интернет или од квалитетот на мобилната мрежна покриеност. Повеќе од 200.000 граѓани користеле безжичен интернет на 72 јавни локации во 64 општини во земјава. Проектот е поддржан од Европската унија и од Германија.

„Многу е важно да се планираат и да се фокусираме на идните чекори. Знаеме дека руралните и планинските подрачја немаат толку добра покриеност, тоа треба да го подобриме и зајакнеме“, истакна Михалис Рокас, амбасадор на Европската унија во Македонија.
„Јавниот ви-фи е како јавен парк или библиотека – дел од дигиталната инфраструктура што им припаѓа на сите. Успешно осигуравте дека потребите на различните општини се исполнети и дека инфраструктурата стана функционална реалност“, изјави Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија во Македонија.
Преку мрежата досега се пренесени над 115 терабајти податоци, што според министерот за дигитална трансформација Андоновски тоа покажува дека воспоставената инфраструктура се користи.
„Треба да се обидеме во следната фаза да ги поврземе и „Св. Наум“, Дебарско езеро, Маврово и Кокино. За да имаме пристап навистина секаде во државава. Во рамките на националната стратегија „Смарт.МК 2030“, изјави Андоновски.
Андоновски додаде дека првично проектот предвидувал опфат на околу 40 општини, но интересот бил поголем.
Имплементацијата започна во февруари оваа година кога во кочани за прв пат беа поставени wi-fi точки.
Ана Јосифоска