Променливо облачно со повремени сончеви периоди
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а во западните делови на земјата ќе има услови за појава на магла.

Времето денеска променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а во западните делови на земјата ќе има услови за појава на магла.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 17 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 17 степени.
Според најавата на УХМР, до почетокот на следната седмица, времето ќе биде променливо облачно со поремен дожд поради продор на постудена воздушна маса од север, од сабота температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен и повремено многу силен јужен ветер.
