Нови заплени на петaрди
Полицијата продолжува да лови препродавачи на петарди низ градовите во земјава. Најголем број се запленуваат во главниот град. Само вчера се пронајдени над 25 илјади петарди во Скопје, додека во две контроли на Градскиот пазар во Струга се запленети 4.212 пиротехнички средства. Дел од нив биле пронајдени во и околу магацините, а другите на тезгите со облека. Двете лица кај кои се пронајдени петардите заработија кривични пријави за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Заплена на пиротехнички средстав имало и во Битола.

Полицијата продолжува да лови препродавачи на петарди низ градовите во земјава. Најголем број се запленуваат во главниот град. Само вчера се пронајдени над 25 илјади петарди во Скопје, додека во две контроли на Градскиот пазар во Струга се запленети 4.212 пиротехнички средства. Дел од нив биле пронајдени во и околу магацините, а другите на тезгите со облека. Двете лица кај кои се пронајдени петардите заработија кривични пријави за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Заплена на пиротехнички средстав имало и во Битола. Од МВР информираат дека во пресрет на новогодишните празници и натаму продолжуваат контролите против продажбата на петарди и други пиротехнички средства.
Автор: Наташа Гркова-Петрушевска
