Собрание

Надзорна расправа за АЛТА банка во Собрание

11.11.2026 09:14

Денеска ќе се одржи надзорна расправа за причините за воведувањето привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, постапувањето на Народната банка и одговорноста на надлежните институции.

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе одржи надзорна расправа за причините за воведувањето привремена администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, постапувањето на Народната банка и одговорноста на надлежните институции.

Привремена администрација во банката е воведена од 1 ноември, по одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен акционер – „АЛТА банка“ Белград. Целта е банката да продолжи да работи, а средствата и интересите на штедачите и доверителите да бидат заштитени.

Администрацијата треба да трае три месеци, а именуваните администратори имаат рок од 21 ден да ја утврдат состојбата и да достават извештај до Народната банка.

Во меѓувреме, постепено се олеснува пристапот на клиентите до нивните средства и банкарските услуги. Од вчера повторно се достапни електронското и мобилното банкарство, со утврдени неделни лимити, а од денеска со работа започнува и експозитурата во Трговскиот центар „Бисер“ во Скопје. Продолжуваат да работат и експозитурите во Битола, Струмица и Тетово.