„Есенски музички свечености 2026“ почнуваат вечерва со концерт посветен на 60 години ФМУ
Со пет концертни вечери и настапи на домашни и странски музички уметници, вечерва почнува 27. издание на фестивалот „Есенски музички свечености 2026“. Фестивалот, во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, ќе трае до 26 ноември, а отворањето е посветено на 60-годишнината од постоењето на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Со концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје, посветен на 60-годишнината од постоењето на оваа високообразовна институција, вечерва ќе биде отворено 27. издание на фестивалот „Есенски музички свечености 2026“.
Фестивалот, во организација на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, ќе се одржува до 26 ноември, а програмата опфаќа пет концертни вечери со различни музички состави и уметнички интерпретации.
Отворањето е закажано во Концертната сала на ФМУ, со програмата „60 години ФМУ Скопје“, која повторно ќе биде изведена и на 23 ноември.
На 16 ноември, во Културно-информативниот центар, ќе настапи српското камерно трио „Soundscape Trio“ со концертот „Меѓу насмевките и солзите“.
На 25 ноември, во Салонот 19:19 при КИЦ, концертот „Сонатни приказни“ ќе го изведат пијанистот Зоран Станишиќ и виолинистот Стефан Котевски, со учество на Јосипа Василевска на флејта и Злате Огњановски на фагот.
Фестивалот ќе биде затворен на 26 ноември со солистички концерт на виолинистката Хатиџе Салиева, која ќе го изведе делото „Четирите годишни времиња“ од Антонио Вивалди.
