Се подбрува економската слика во Велес
Велес ја подобрува економската слика. Зоните се полнат со инвеститори, се вработуваат нови лица, а се вложува и во комуналната инфраструктура. Граѓаните веќе гледаат перспектива во родниот град...

Вработувањето на околу 2.000 велешани во компаниите што работат во индустриските зони ја променија економската слика на Велес. Од град жртва на приватизацијата, стана дел од општините во кои се зборува за отварање фабрика и нови работни места. Поволните кредити ги јакнат семејните компании, а преку проекти за самовработување досега се вработени 900 лица.
„Граѓаните гледаат перспектива преку вработувањата кои почнаа да се реализираат во различни компании кои работат во слободните зони. И претходно имавме реализација на преку 900 вработувања за велешани во Дрекслермаер, во турската инвестиција 300 вработувања, Маркарт, германската копанија го започна процесот на селекција на лица кои ќе бидат вработени“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески при денешната посета на Велес.
Општинта работи и на развој на туризмот. Езерото Младост е најголемиот адут. Последната инвестиција од 42 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, има за цел Младост да стане центар на транзитниот туризам.
„Ќе обезбедиме водоснабдување за неколку населени места почнувајќи од индустриската зона Речани потоа потегот кај Башино село, туристичката дестинација езеро Младост, сателитската населба, Новачани, потоа одиме до Отовица. Сите проекти за приклучување на водоводната мрежани се готови“, рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Локалната самоуправа потикнбата од брзата продажба на парцелите во Караслари, забрзано работи на подготовка на новата зона Мамутчево наменета за домашни и за странски инвеститори.
Дијана Иванова
