Економија

Отворена експозитурата на Алта банка во скопски Аеродром

11.11.2026 17:18

Од денеска и во главниот град отворена експозитурата на Алта банка во трговскиот центар Бисер. Граѓаните можат да подигнуваат готовина на шалтер, во рамките на утврдените ограничувања. Засега ова е првата експозитура во Скопје што се отвора по воведувањето привремена администрација во банката...

Повторно отворена експозитурата на Алта банка во скопски Аеродром. Граѓаните можат да подигнуваат готовина на шалтер, во рамките на утврдените ограничувања. Засега ова е првата експозитура во Скопје што се отвора по воведувањето привремена администрација во банката.

Народната банка повторно ги олеснува ограничувањата за клиентите на АЛТА банка Битола. Компаниите што во последните три месеци исплаќале плати преку банката ќе можат да продолжат со услугите. Дозволениот износ за исплата може да биде до пет проценти повисок од вкупната сума на платите исплатени во октомври. Олеснување има и за граѓаните.

„Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа“, соопштија од НБРМ.

Од вчера преку електронското и мобилно банкарство клиентите имаат можност и да вршат плаќања во рамките на дозволениот лимит.

Од Народната банка информираат дека внимателно ја следат состојбата и постепено ги приспособуваат мерките, со приоритет заштитата на клиентите и контролата врз одливот на средства.

 

 

Александра Велинова