Статистика

Раст на бројот на туристи во првите девет месеци од годинава

11.11.2026 15:46

Туристичкиот промет во земјава бележи раст во првите девет месеци од годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари до септември бројот на туристи е зголемен за 3 проценти, а на ноќевањата за 3,5 проценти во споредба со истиот период лани. Во септември најголем дел од странските туристи биле од Турција, Србија и Германија.

Во септември годинава во земјава биле регистрирани 136.305 туристи, кои оствариле вкупно 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи, 75,1 процент биле странски, а 24,9 проценти домашни туристи. Кај остварените ноќевања, 66,2 процента биле од странски, а 33,8 проценти од домашни туристи.

Според земјата на потекло, најбројни меѓу странските туристи во септември биле гостите од Турција, од каде пристигнале 27.933 туристи. Следуваат Србија со 8.358, Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи.

Во периодот од јануари до септември 2026 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти во споредба со истиот период лани. Притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти.

Раст е забележан и кај ноќевањата. Во првите девет месеци од годинава тие се зголемени за 3,5 проценти, при што кај домашните туристи растот изнесува 2,4 проценти, а кај странските 4,6 проценти.