Собрание

Во Собранието седница за пратенички прашања

12.11.2026 08:22

Собранието денеска ќе ја одржи 130. седница, на која пратенички прашања ќе поставуваат пратениците од опозицијата.

Пред пратениците во рамките на денешната собраниска седница се вкупно 15 точки. Пратениците ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост (во второ читање), Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ) и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

На дневен ред се и Предлог-одлуката за избор на членови на Советот за граѓански надзор, Предлог-кандидатот за именување член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, Предлогот на финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2027 година, Предлог-одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2027 година и Предлог-резолуцијата за миграциската политика на Република Северна Македонија 2026 – 2030 година, со Акциски план.
Пратениците ќе расправаат и за неколку предлог-закони по скратена постапка: Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог-законот за изменување на Законот за рибарство и аквакултура, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Предлогот за автентично толкување на членот 23 ставови (1) и (2) од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање автентично толкување на членот 17 од Законот за пожарникарство, а во врска со членот 2 став (2) од Законот за безбедност и здравје при работа.